Илинденски кајак спринт-натпревар Струга 2015

Изминатиот векенд поимна во прославување и одбележување на големиот македонски државен празник Илинден,Македонската Кајакарска Федерација во соработка со Агенцијата за млади спорт, Сојузот на спортски Федерации на Македонија и домаќинот на манифестацијата Кајакарски клуб “Дрим”-Струга го организираа Илинденски кајак спринт-натпревар во Струга на Охридското Езеро. Истовремено беше и државно првенство во кајак на мирни води, на кој учествуваа македонските кајакарски клубови:” „Дрим” Струга, „Ехо „Охрид, „Стрмец” Охрид и „Радика”Дебар. На кајакарските натпревари учествуваа преку 130 млади кајакари од сите возрасни категории натпреварувачи (цицибани,пионери,кадети,јуниори,сениори).

Илинденскиот кајак спринт-натпревар помина со одлични резултати во сите категории на натпреварувачи а особена заслуга за се да протече во најдобар ред имаше домакинот Кајакарскиот клуб „Дрим” од Струга.

Најуспешни во сите категории од клубовите на државното првенство во кајак на мирни води се: 1 место „Дрим“ Струга.132 бодови 2.место „Ехо“ Охрид 75 бодови 3.место „Стрмец” Охрид со осфоени 49 бодови.

Викедов Струга беше преполна со љубители на кајак на мирни води и тоа придонесе да самиот Илинденски кајак спринт-натправар протече во најдобар ред.

„Особена голема благодарност до Црвен Крст на Мекедонија и службите за безбедност на МВР-Струга кои се погрижија се да биде во најдобар ред а Кајакарскиот клуб “Дрим”од Струга се покажа како одличен домакин на државното првенство во кајак на мирни води.“- велат организаторите.

Ilindenski-sprint__Drzavno_prvenstvo_17