Госпел музиката одекнуваше од Антички театар

Комбинација од три различни видови госпел музика, традиционална, модерна и спиритуална госпел понуди синоќа на „Охридско лето“ „ Howard Gospel“ хорот од САД кој настапи на самиот роденден од фестивалот.

Публиката на Антички театар уживаше во извонредната вокална интерпретација на хористите кои во својот репертоар често имаат теми за Исус Христос и за христијанството.

„Се надеваме дека публиката уживаше во нашата изведба. Ние сме многу среќни што настапуваме токму овде, во овој прекрасен град и на оваа прекрасна сцена“, рече еден од уметничките директори на хорот, Вилијам Тејлор.

Амерканскиот хор „ Howard Gospel“ е првиот академски хор од ваков вид во светот.На нивниот репертоар се наоѓаат композиции од современата и традиционалната госпел музика, црковни химни, црнечка духовна музика и слично.