Во насока на поддршка на стопанството, обезбедени се нови 100 милиони евра за фирмите со субвенционирана камата од 5,5 отсто, обезбедени преку ЕИБ, а кои се реализираат преку МБПР и домашните банки. Со ова е исполнето уште едно ветувањето на премиерот Никола Груевски. Имено Груевски во април минатата година на митингот од Битола вети нова кредитна линија од 100 милиони евра со 5,5 отсто камата за фирмите.
„И во новата програма ветуваме дека ќе има уште една таква кредитна линија од 100 милиони евра што сигурно ќе ги покрие народните година ипол- две, со 5,5 отсто камата за фирмите. Можеби многу од вас кои немаат свои форми и свој бизнис ќе речат па што имам јас од тоа, имате многу, затоа што сите вие кои што работите во приватни фимри, треба да знаете дека работите затоа што тие приватни фирми опстојуваат, а опстојуваат затоа што многу им се помогна од страна на државата, и со евтини камати и со поволни кредити и со многу мерки, многу намалувања на даноци“ – рече премиерот Никола Груевски на митингот во Битола одржан во април минатата година.
Во рамки на оваа кредитна линија, заклучно со 30.06.2015 година, МБПР преку деловните банки има реализирано 303 барања за кредити, со субвенционирана каматна стапка од 5,5 отсто фиксна годишно, во вкупен износ од 61.731.099 ЕУР. Со реализацијата на овие проекти отворени се нови 1.041 работни места.
„Покрај овие 61,7 милиони евра кои веќе се слоцирани кон компаниите, имаме нов процес во кој што 61 компанија бара околу 6,7 милиони евра со кои планираат да отворат стотина работни места. МБПР активно работи на сите овие апликации, се чини веројатно дека кон крајот на месец август евентуално почетокот на септември овие средства веќе би биле достапни за самите компании “– изјави денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Станува збор за кредитна линија со фиксна каматна стапка од 5,5 отсто годишно, со рок на отплата до 8 години за инвестиции и до 3 години за обртни средства, со максимални износи од: 3.500.000 ЕУР за инвестиции, до 666.700 ЕУР за трајни обртни средства и до 6.000.000 ЕУР за приоритетни проекти и mid cup.
Од овие 61.731.099 евра, за инвестиции се наменети 46.298.324 евра а за обртни средства 15.432.775 евра, директна поддршка за малите, средните но и за поголемите компании. Најголем дел од овие средства, односно 20,4 милиони евра се однесуваат на гранката – производството, 18,2 милиони евра за трговијата, 14,2 милиони евра во секторот транспорт и градежништво, а потоа следуваат гранката хотели и ресторани со 4,3 милиони евра, здравство со 2 милиони евра, услуги со 1,6 милиони евра.
Оваа кредитна линија е четврта по ред кредитна линија што како Влада ја обезбедивме за ефтини кредити со субвенционирани каматни стапки. Претходно од 2009 досега беа обезбедени три линии во износ од 250 милиони евра, а со оваа четврта вкупно 350 милиони евра евтини кредити за малите и средни претпријатија со цел да им обезбеди поевтин капитал за стопанисување и да им се зголеми ликвидноста. Досега со овие средства се финансирани вкупно 1.522 проекти и отворени се 6.344 работни места.
Средства кои се директно насочени кон поддршка на македонските компании, кон реализација на нивните планови за зголемување на производството и зголемување на бројот на вработените.