Санација на три објекти од стара градска архитектура во Битола

Три објекти од крајот на 19-тиот и почетокот на 20 век кои се наоѓаат во старото јадрона Битола ќе бидат санирани до крајот на годинава, во рамки на проектот на Министерството за култура за обнова и конзервација на фасади од стара градска архитектура во градовите низ Македонија.

Санациско-реставраторските зафати ќе бидат извршени на фасадите на Безистенот – значаен споменик на културата од османлискиот период, гимназијата „Јосип Броз Тито“ и Музичкото училиште во Битола. Надлежна установа е НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола.

„Финализацијата на проектите, преку кои ќе биде зачувана автентичноста на спомениците на културата и наспоменичните целини од богатото архитектонско наследство на нашата држава, треба да биде до крајот на 2015 година, а во тек се административните процедури за одобрување на проектите и тендерските постапки за избор нанајповолни изведувачи на работите на трите објекти“, информира Министерството за култура.

Во Битола во изминатиот период беше реставрирана и внатрешната фасада на објектот во кој е сместен Заводот за заштита на спомениците.