ЈП „Охридски Комуналец“ дел од проектот „Македонија без отпад“

Денес ЈП „Охридски Комуналец” се вклучи во проектот „Македонија без отпад” по договор со невладината организација „Ајде Македонија”. Претпријатието изврши расчистување на магистралниот пат Охрид – Подмоље, на двете магистрали (стариот и новиот пат). Оттаму информираат дека ангажирани биле 12 работници од 06:00 часот до 11:30 часот и биле собрани околу 60 вреќи на отпад.

Од другите учесници во оваа акција на потегот од „Билјанини извори” према Св. Стефан собрани се 40тина вреќи отпад и истите се подигнати со возило на ЈП „Охридски Комуналец”.

fotorcreated1