Денови на медот во Охрид

Во организација на пчеларското Здружение „Охрид“ од Охрид, а поддржано од градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески од 7-ми  до 9-ти август на плоштадот „Чинар“ ќе се одржи манифестацијата „Фестивал на медот“.

Посетителите ќе имаат уникатна можност повеќе да се запознаат со медот и неговите производи, а ќе имаат и можност да вкусат дел од разноврсните производи.

Отворањето на фестивалот е на 7-ми август со почеток во 18 часот. Промоцијата и дегустацијата на производите ќе продолжи и на 8-ми и 9-ти август.