Четириест и три бебиња ја примија новата шествалентната вакцина во изминатите два дена во советувалиштата во Здравствен дом Скопје. Вакцината минатата недела е дистрибуирана во сите советувалишта во земјава. Петвалентната вакцина се очекува да пристигне месецов и ќе почне да се применува од септември.
„Со употреба на петвалентната и шествалентната вакцина 13. инјектирања во првата година се намалуваат на седум. Тоа дава простор за воведување нова вакцина, пневмококната, сега е по избор, но со тенденција да биде ставена редовно во календарот за имунизација –“ изјави директорката на Здравствен дом-Скопје, Татјана Баевска Вучковиќ.
Според неа, реакциите од овие вакцини се сведени на минимум и не е проследена со зголемена температура. Може да има само локална минорна реакција од црвенило и болка, меѓутоа тоа трае краткотрајно и за 24 часа поминува.