Во текот на вчерашниот ден издадени 786 потврди за барање азил

Во периодот од 08,00 часот на 05.08.2015 до 06.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 786 странски државјани, од кои, 480 се од машки пол, 118 се од женски, 174 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 14 деца кое патуваат без родител, на кое издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 19.06.2015 до 06.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 27.233 странски државјани, од кои, 19.349 се од машки пол, 3.636 се од женски, 3.991 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 257 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-20.738, потоа Авганистан-1.945, Ирак-1.440, Пакистан-928, Сомалија-526, Палестина-435, Конго-285, Камерун-133, Еритреја-129, Нигерија-100, Етиопија-99, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 06.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 41 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 31 барања се од државјани на Сирија за азил од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 05.08.2015 година се евидентирани вкупно 6 баратели на азил, сите мажи.

Од вкупниот број на баратели на азил кои се присутни во ЈУ Прифатниот центар, не се евидентирани баратели на азил со повреди, бремени барателки на азил и малолетни лица без придружба на старател.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-717, потоа Ирак-24, Пакистан-22, Бангладеж-11, Иран-осум, додека останатите се во помал број.

На ден 05.08.2015, до 16.30 минути екипите на Црвен крст укажаа прва помош на 114 лица, од кои 41 интервенција во Табановце и 73 во Гевгелија. 9 трудници побарале асистенција од мобилните тимови.

До 16.30 минути екипите дистрибуираа:

• 524 шишиња вода
• 36 пакети со храна
• 36 хигиенски пакети за жени
• 36 хигиенски пакети за мажи
• 36 пакети за сампомош
• 6 пакети за бебиња.