Во сабота, 08-ми август, во центарот на Охрид ќе се шират здрави навики, ќе се спортува, дружи, подарува, како и конзумира најздравиот пијалок на денешницата, јогуртот. Ова е настан кој ќе ги обедини сите поборници за здрав живот, вљубеници во велосипедизмот, како и зависници од спортот и здравите навики.
„Драго ми е што нашата мисија продолжува и оваа сабота во Охрид каде што дечиња од социјално загрозени семејства од градот ќе добијат подарок велосипед. На ваков начин ги шириме здравите навики кај децата, како на пример возењето велосипед, но во исто време го вклучуваме и јогуртот во секојдневната исхрана, пијалок кој важи за еден од најздравите и најдобар за конзумирање во секое годишно време. Оваа акција е со цел да помогнеме, шириме здрави навики како и да допринесеме за среќни и насмеани лица.” – изјави Александар Блажевски, односи со јавност во Здравје Радово.
На самиот настан ќе се реализира и акцијата Велoдарност, во која ќе бидат донирани велосипеди за најмладите од социјално загрозените семејства во Охрид.
„Целите на Велодарност во голема мера се поистоветуваат со оваа акција на Млекара Здравје, токму затоа со големо задоволство се вклучивме во овој настан како помагачи за остварувањето на донацијата на велосипеди на најмладите членови на социјално загрозените семејства, овој пат од Охрид.” – изјави Јовица Велјановски од здружението Единствена Македонија.
„Здравје во твои раце” ќе биде неколку часовно дружење за сите рекреативци и сите оние кои сакаат да спортуваат и да одржуваат здрави навики како и здрав начин на живот.
Единствена Македонија, НаТочак и Здравје Радово се главните виновници и поборници за оваа иницијатива која започна за прв пат во Скопје, а оваа сабота, на 8-ми август ќе се случува во центарот на Охрид, а планирано е акцијата да се реазлизира и низ повеќе градови во Македонија. Овој настан ќе им покаже на најмладите дека возењето на велосипед и консумацијата на јогурт се здрави навики кои се многу значајни за нив.
Здравје Радово најави уште неколку вакви активности за ова лето чиј фокус се однесува на здравите навики и среќнитe лица.