Септемвриските пензии ќе бидат зголемени за пет проценти, потврди денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на охридскиот регион.
Тој посочи дека зголемувањето е програмирано во Буџетот. Се уште нема одлука за начинот на зголемување, но најверојатно, според него, ќе има линеарно зголемување што ќе значи 600 до 630 денари повисока пензија.
„Речиси секоја година вршиме зголемување на пензиите. Досега пензиите се зголемени за над 67 проценти“, изјави Груевски.