Денес Премиерот Никола Груевски заедно со Државниот секретар Божидар Петроски, Пратениците Лилјана Затуроска и Момчило Аврамоски и Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски свечено го пуштија во употреба реконструираниот водовод во село Ботун и реконструираното училиште во село Требеништа и исто така беа дел од поставувањето на камен- темелник на колекторскиот ситем во село Мешеишта .
„Денес, јас можам да кажам дека сум горд што успеавме да стигниме до реализација на овој капитален проект за колекторскиот ситем кој е многу значаен за овие села од општина Дебрца каде што за прв пат се решава проблемот со одведување на отпадните води од домаќинствата но и индирекно заштита на животната средина со што ги заштитуваме подземните води.Ќе напоменам дека се работи за проект кој е долг повеќе од осум километри и инвестиција од 250 000 евра во кој колектор ќе се поврзат селата Горенци, Требеништа, Волино, Мешеишта и Климештани“ – истакна во своето обраќање градоначалникот Трајкоски.
Тој исто така најави дека има и други проекти кои се реализирани или навремено ќе се реализираат во наредниот период, насочувајќи ја целата своја енергија кон подобрување на условите за живот и развој во општина Дебрца.