Претседателот Иванов со сочувство до бугарскиот претседател по повод смртта на неговиот син, Филип

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати сочувство до претседателот на Република Бугарија, г. Росен Плевнелиев, по повод смртта на неговиот син Филип.

„Почитуван претседателe Плевнелиев,

Драг пријателе,

Со длабоко жалење ја примив веста за прераната смрт на Вашиот син, Филип.

Дозволете ми, во овие исклучително тешки моменти за Вас и Вашето семејство, да Ви упатам изрази на длабоко и искрено сочувство.

Загубата и празнината се ненадоместливи и нема зборови кои ќе Ви дадат утеха.

Нека Господ Ви даде сила да ги пребродите овие најтешки моменти за родителите и семејството. Со најдлабоко сочувство.