Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јули 2015 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.3, а индексот на цените на мало 99.7.
Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0.7% во јули 2015 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на свежиот зеленчук за 18.9%, свежото овошје за 2.7%, јајцата за 1.7%, сувомесните производи за 0.8%, конзервираните месни производи за 0.6%, конзервираниот зеленчук за 0.5%, свежото млеко за 0.4%, полутрајните колбасичарски производи за 0.3% и безалкохолните пијалаци за 0.2%.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај болничките услуги за 5.8%, средставата за чистење и одржување на станот за 2.2%, обувките за 1.3%, електричните апарати – големи за 1.0%, електричната енергија за домаќинствата и течните горива и мазива за 0.4%.
Пораст на индексот на трошоците на животот во јули 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај тутунот за 5.0%, сувото овошје за 1.4%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.1%.
Во јули пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 13.2%, лековите за 3.5%, информатичката опрема за 3.1%, туристичките пакет-аранжмани за 2.6%, гасот за домаќинствата за
%, облеката, мебелот и текстилот за домаќинствата за 0.3%.
Индексот на трошоците на животот во јули 2015 година, во споредба со јули 2014 година, бележи намалување за 0.4%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1.4%