Денес, по долго боледување, почина легендарниот каратист и тренер во овој спорт. Кичевски цели 48 години беше дел од овој спорт. Двократен првак на СФР Југославија, во 1980 година станува и балкански првак, а неколку месеци подоцна го освојува и бронзениот медал на ЕП во Австрија. Тој е првиот селектор на карате репрезентцаијата на Македонија, а неколку години беше и прв човек на Карате сојузот на Македонија.
Кичевски исто така е добитник на повеќе награди, меѓу кои и „13 Ноември“ на Град Скопје.Последните години од животот ги помина во кик боксот, заедно со покојниот Љупчо Неделковски и неговата сопруга Александра, притоа судеше мечеви од меѓународен карактер.Работеше и како селектор на кик-бокс репрезентацијата на Македонија, а последните години од животот беше кик-бокс судија.
Агенцијата за млади спорт изразува сочуство до семејството за големата загуба и исто така загубата на еден од најголемите спортски работници во македонскиот карате спорт и Карате сојуз на Македонија.
Карате спортот и спортот во македонија останаа празни за еден голем човечки лик и пред се како спортист,тренер,селектор, од кој можеше да се учи и научи за се во карате спортот како спорт.
Неговиот придонес е огромна загуба за македонското карате и спортот воопшто во македонија.