Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2015 година, во однос на второто тримесечје од 2014 година, е намалено за 2,0 %.
Зголемување на шумското производство е забележано кај друго заоблено дрво од иглолисни, просторното дрво од иглолисни, рудничкото дрво од листопадни видови и огревното дрво од иглолисни и од листопадни видови.
Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и од листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови и кај другото заоблено дрво од листопадни видови.