Одличен спој помеѓу виолината на Бадивуку и пијаното на Кастратовиќ

Bиолинистката Сихана Бадивуку-Хоџа и пијанистката Маја Кастратовиќ синоќа во црквата „Света Софија“ приредија одличен концерт за публиката на „Охридско лето“.

Овие две истакнати музички уметници соработуваат на две децении и со своите заеднички настапи ги воодушевуваат љубителите на класичната музика.

Бадивуку-Хоџа настапувала низ голем број земји во светот. Соработувала со голем број значајни оркестри и уметници, а како камерен изведувач често настапува со камерни ансамбли во кои членуваат истакнати музичари.

badivuku_01

Маја Кастратовиќ дипломирала на престижниот московски конзерваториум „Петар Илич Чајковски“, а постдипломските студии ги завршува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професорот Борис Романов. Таа е постојано активна, остварувајќи многубројни солистички концерти низ светот, како и настапи со камерни ансамбли и оркестри. Чест гостин е на повеќе значајни музички фестивали во Шпанија, во Италија, во Белгија, во Албанија и во други европски земји. Од 2001 година, Кастратовиќ живее и работи како корепетитор и како професор по пијано во Словенија.

badivuku_publika