Светскиот виолинист Максим Венгеров пристигна во Охрид

Светскиот виолинист Максим Венгеров, кој на 19-ти август заедно со пијанистот Ваг Папиан ќе настапи во црквата Св. Софија, доцна попладнево во придружба на музичкиот селектор на Охридско лето, Гордана Јосифова- Неделковска пристигна во хотелот Инекс Горица. Врвниот уметник изненаден од прекрасната глетка на езерото и градот посакал пробата да ја направи токму во хотелската соба и да одмори на терасата на хотелот. Наголемиот виолинист на денешницата беше пречекан и од претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој во хотелот ја организира школата за млади лидери. Претходно во Скопје највлијателната личност…

повеќе...

Одличен спој помеѓу виолината на Бадивуку и пијаното на Кастратовиќ

Bиолинистката Сихана Бадивуку-Хоџа и пијанистката Маја Кастратовиќ синоќа во црквата „Света Софија“ приредија одличен концерт за публиката на „Охридско лето“. Овие две истакнати музички уметници соработуваат на две децении и со своите заеднички настапи ги воодушевуваат љубителите на класичната музика. Бадивуку-Хоџа настапувала низ голем број земји во светот. Соработувала со голем број значајни оркестри и уметници, а како камерен изведувач често настапува со камерни ансамбли во кои членуваат истакнати музичари. Маја Кастратовиќ дипломирала на престижниот московски конзерваториум „Петар Илич Чајковски“, а постдипломските студии ги завршува на Факултетот за музичка уметност…

повеќе...

Концерт за виолина и пијано вечерва на „Охридско лето“

Програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на класична музика. Во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе настапат македонските уметници, виолинистката Сихана Бадивуку-Хоџа и пијанистката Маја Кастратовиќ.  Сихана Бадивуку-Хоџа своите студии ги започнува на возраст од само 16 години на Државниот конзерваториум во Киев, а една година подоцна заминува на Државниот конзерваториум во Москва, каде што ги завршува своите додипломски и постдипломски студии по виолина. Веднаш потоа започнува да работи како професор по виолина на Факултетот за уметности во Приштина, а подоцна и како концерт-мајстор…

повеќе...