Се работи на приклучоци на новоизведената фекална канализација на ул. „Илија Смически“- Лескоец

ЈП „Нискоградба“ Охрид – изминатиов период активно работи на овозможување приклучоци на новоизведена фекална канализација на ул. „Илија Смически’’ во с. Лескоец.

„Во текот на изминатиот месец од страна на екипи на ЈП „Нискоградба“ Охрид изведени се работи на формирање на премини преку улицата. За таа намена изработени се 12 шахти со длабочина поголема од 2 метри како и поставени 150 метри секундарна канализациона мржа со профил од Ф 200 мм.

Со завршување на оваа фаза, жителите на овој дел од Лескоец конечно ќе го решат проблемот со одведување на отпадните води а со тоа се овозможува чекор напред кон зачувување на животната средина на овој земјоделски крај и се подобрува квалитетот на живеење на населението кое живее во овој дел.“- информираат од претпријатието.

Вредноста на изведените работи изнесува 780.000 денари.

DSC01138 - Copy