ФЗОМ со донација на детски играчки во четири болници

Фондот за здравствено осигурување на Македонија преку бројните проекти кои ги реализира продолжува со грижата за своите осигуреници. Овој пат своето внимание им го посвети на најмладите, односно на дечињата кои се лекуваат во болниците низ републикава и на Детската клиника во Скопје.

Во четири јавни здравствени установи, ЈЗУ Детска клиника – Скопје, ЈЗУ Институт за белодробни заболувања Козле, ЈЗУ Клиничка болница – Тетово и ЈЗУ Општа болница – Охрид, Фондот донираше играчки, камиончиња, автомобили, кадифени мечиња и кученца со кои ќе си играат децата пациенти на возраст од 2-12 години и кои престојуваат во овие здравствени установи.

„Се надеваме дека оваа донација на детски играчки барем за миг ќе им го разубави престојот во болница.“– велат од ФЗОМ.

Грижата и посветеноста на Фондот е сите осигуреници да го остварат правото на здравствено осигурување, како и подобрување на квалитетот, професионалноста и хуманоста на вработените во здравствениот систем.