Денес во Македонија ќе има сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 31 до 38 степени.
Според прогнозите на Управата за хидрометеролошки работи, во петок ќе имаме сончево и топло време, во попладневните часови со изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.
За време на викендот и во понеделник времето се очекува да биде нестабилно на повеќе места, со интензивен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.