Кривична пријава за двајца стружани поради обид за убиство

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство во обид“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против албанскиот државјанин Г.Б.(22) и Д.З.(39) од струшкото село Радолишта.

Кривичното дело е сторено на 16 декември минатата година во 00.05 часот на локалниот пат Велешта-Октиси, при што со повеќе огнострелни рани во грбот, стомакот и екстремитетите се здобил А.С. (36) жител на селото Велешта. Настанот се случил во близина на неговиот дом кога тој излегувал од своето патничко моторно возило марка „Мерцедес“. Во моментот, од патничко моторно возило марка „Ровер“ без регистарски таблици паркирано во близина на неговата куќа, од совозачката страна излегол првопријавениот Г.Б. и испукал повеќе куршуми кон А.С. по што заедно со второпријавениот Д.З. кој го управувал возилото и со умисла помогнал во извршувањето на кривичното дело, веднаш избегале. Повредениот А.С. итно бил пренесен во општата болница во Струга.

На местото на настанот извршен беше криминалистичко-технички увид при што беа пронајдени осум чаури калибар 7,65 милиметри, еден проектил, еден дел од проектил како и други предмети кои беа испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.