Македонските одбојкари ја совладаа Естонија, во финалето ќе играат против Словенија

Македонија ќе игра против Словенија во финалето од Европската лига. Македонската одбојкарска репрезентација успеа да ја совлада Естонија во полуфиналето од Европската лига.

Македонија се прикажа во одлично светло и со 3:0 во сетови и се одмазди на Естонија за оние два порази на стартот од Европската лига.

Првиот сет Македонија го доби со 25:23, додека пак вториот и третиот со идентичен резултат 25:22.

Во финалето кое ќе се игра утре во 20:00 часот Македонија ќе игра против Словенија, додека пак Естонија ќе игра против Полска во борбата за трето место.

Доколку победи, Македонија за прв пат ќе игра во Светската лига.

WebOhrid