Во периодот од 08,00 часот на 12.08.2015 до 13.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 952 странски државјани, од кои, 613 се од машки пол, 137 се од женски, 177 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 25 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-894, Ирак – 36, Палестина – 15, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 13.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 33.340 странски државјани, од кои, 23.316 се од машки пол, 4.496 се од женски, 5.136 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 392 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-26.180, потоа Авганистан-1.995, Ирак-1.703, Пакистан-1079, Сомалија-547, Палестина-507, Конго-294, Камерун-134, Еритреја-132, Нигерија-126, Етиопија-108, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 13.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 41 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 31 барања се од државјани на Сирија за азил од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 12.08.2015 година се евидентирани вкупно 3 баратели на азил, сите мажи.
Од вкупниот број на баратели на азил кои се присутни во ЈУ Прифатниот центар, не се евидентирани баратели на азил со повреди, бремени барателки на азил и малолетни лица без придружба на старател.
Извештај за мобилните тимови на Црвен крст на 12.08.2015, до 17.00 часот, мобилните екипи на Црвен крст укажаа прва помош на вкупно 165 лица, меѓу кои 33 трудници, од кои 116 интервенции на железничката станица во Гевгелија и 49 интервенции на Табановце.Транспортирани се 5 лица до Гевгелиската Општа болница.
До 17.00 часот, дистрибуирано е:
• 240 шишиња вода
• 35 пакети со храна
• 35 хигиенски пакети за жени
• 35 хигиенски пакети за мажи
• 45 пакети за прва помош
• 40 пелени.