Стартуваа натпреварите од Европското првенство за кошаркарки до 16 години

Од вчера стартуваа натпреварите од Европското првенство дивизија Б за кошаркарки до 16 години во Охрид.

На првенството ќе  учествуваат 20 селекции кои бea поделени во четири групи од кои две групи А и Б се играа во Спортската Арена „Билјанини Извори“ додека групите Ц и Д  се играа во Струга во Спортската сала „Тими“.

Во првата фаза која  ќе трае  до 17-ти август, репрезентациите ќе ја одиграат првата рунда на шампионатот, натпреварите по групи.

Во оваа фаза ќе се играат дневно по четири натпревари и во Охрид и во Струга, со термини од 14:15 часот, 16:30, 18:45 и 21:00 часот.

По крајот на првата фаза ќе бидат формирани нови пет групи. Во групите Е и Ф ќе играат двете најдобри селекции од секоја од четирите групи од првата фаза, групите Г и Х ќе бидат составени од трето и четвртопласираите селекции од првата рунда ,а во групата И ќе играат последно пласираните репрезентации од првата рунда.

Трите најдобри селекции на ЕП во Охрид и Струга обезбедуваат пласман во елитната А дивизија.

11828576_881813881854189_1723112431533860890_n 11880493_881813125187598_7143936211174142453_n 11900008_881813935187517_891626806341317578_n