Претставата „Делириум Тременс“ синоќа беше изведена на Охридско лето како дел од проектот „Младо театарско Охридско лето“ што од годинава е воведен како фестивалска новина.
Трпчески вели дека „Делириум Тременс“ во еден релативно краток период за една театарска претстава веќе имаме неколку интернационални фестивали а еве ссиноќа се одигра и на Охридско лето.
„За мене е чест и задоволство да учествувам на оволку голем фестивал. На моја голема радост, оваа година се случи таа можност да има Младо охридско лето, и на таков начин да станеме дел од оваа голема програма на македонскиот театар“, вели Игор Трпчески-актер и режисер на преставата „Делириум Тременс“.
Класична комедија која во својот развој преминуваше низ повеќе фази како апсурд, фарса, музички или кабаретски театар, драма а стигна до епски театар, психо-драма или анти-театар. Овој проект наменет за сите генерации и во голема мера ги дефинира односите помеѓу уметниците и работниците, нивните влијанија, соработки и антагонизам кој се развива од неразбирање на проблемите на другите и секако за љубовта и морално етичките дилеми, кој кај секој од нас се појавуваат во состојба на љубов, страст и страв. Игор Трпчески е роден на 11.10.1974 во Прилеп. Од 1998 година, работи како актер во НТ „Војдан Чернодрински“. Дипломира актерска игра на Факултетот за драмска уметност во Скопје, во класата на професор Владимир Милчин во 1997, а специјализира режија во Националната академија за театарска и филмска уметност, НАТФИЗ во Софија во 2005 година, во класа на професор Крикор Азарјан.