По повод одбележувањето на Денот на Армијата на Република Македонија, 18-ти Август, партиска делегација на СДСМ во состав: Максим Димитриевски-член на ИО и претседател на Комисијата за одбрана, Татијана Прентовиќ-членка на Извршниот одбор и Драган Тевдовски-член на ИО на СДСМ, положи свежо цвеќе на градските гробишта Бутел во Скопје, и тоа:
– на Партизанските гробишта
– пред вечниот дом на починатиот Претседател на Република Македонија и Врховен командант Киро Глигоров
– пред вечниот дом на загинатиот Претседател и Врховен командант Борис Трајковски
– пред вечниот дом на генерал Михаило Апостолски.