Светскиот виолинист Максим Венгеров, кој на 19-ти август заедно со пијанистот Ваг Папиан ќе настапи во црквата Св. Софија, доцна попладнево во придружба на музичкиот селектор на Охридско лето, Гордана Јосифова- Неделковска пристигна во хотелот Инекс Горица.
Врвниот уметник изненаден од прекрасната глетка на езерото и градот посакал пробата да ја направи токму во хотелската соба и да одмори на терасата на хотелот. Наголемиот виолинист на денешницата беше пречекан и од претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој во хотелот ја организира школата за млади лидери.
Претходно во Скопје највлијателната личност на музичката уметност, рускиот виолинист Венгеров, кој на 19-ти август ќе го затвори музичкиот дел на програмата на 55.издание на реномираниот фестивал „Охридско лето“ беше примен од министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.