На плоштадот „Чинар“ на 21 и 22 август ќе се одржи фестивалот на „Вино и сирење“ 2015. Оваа година покрај локалните производители на вино и сирење, учество ќе земат и производителите од регионот Корча, Република Албанија. Производителите ќе имаат можност своите производи да ги презентираат пред посетителите кои пак ќе имаат прилика да ги почувствуваат вкусовите на домашните вина и сирења.
Фестивалот на вино и сирење дава голем придонес за збогатувањето на туристичката понуда на градот во овај период од годината, а и овозможува остварување на директни контакти со претставниците од бизнис секторот.
Фестивалот се организира во соработка на општина Охрид со прекуграничниот регион Преспа, а е дел од програмата на ABDA која се спроведува преку Regional Rural Development Standing Working Group (SWG) во Југоисточна Европа.
ПРОГРАМА
ФЕСТИВАЛ ВИНО И СИРЕЊЕ
21-22 АВГУСТ, 2015 ОХРИД,
мал плоштад Крушевска Република
Прв ден (21.08.2015)
Пристигнување на учесниците во Охрид во 15:00 часот
17:00 Поставување на штандовите и распоред на учесниците
21:00 Свечено отворање и поздравен говор на претставник од локална самоуправа на општина Охрид
21:15 Презентација и дегустација на производи збогатена со музичка програма ( група Smoke Shakers и група Bettyss Boobs)
24:00 Затворање на прв ден фестивалот
Втор ден ( 22.08.2015)
17:00 Поставување на штандовите
21:00 Презентација и дегустација на производи збогатена со музичка програма (група Backdoor Band и група Eruption )
24:00 Затворање на фестивалот