Градоначалникот Бакрачески на Француската вечер на Охридско лето

Градоначалникот Никола Бакрачески во придружба на амбасадорката на Франција во Република Македонија Н.Е. Лоренс Оер, синоќа во црквата Св. Софија го проследи настапот на францускиот кларинетист Мишел Летјек и квартетот „Жирард“ кои настапија во рамки на годинешното издание на „Охридско Лето“.

Францускиот кларинетист Мишел Летјек во моментов се смета за еден од најеминентните фигури на светската музичка сцена. Посветен е на современата музика и затоа многу често премиерно изведува дела и концерти на голем број современи композитори меѓу кои и Кшиштов Пендерецки, Џон Кориљано, Марсел Ландовски и други. Квартетот „Жирард“ се состои од врвни музичари кои дипломирале на Конзерваториумот во Париз а се усовршувале во класата на реномирани професори, виолончелистот Франсоа Салке и виолинистот Мигел да Силва.

Завесата на фестивалот „Охридско Лето“ годинава се спушта на 20 август со театарската претстава Figurae veneris historiae која ќе се одигра на сцената Долни Сарај.

Fancuska_vecer_Oh_leto_4853 Fancuska_vecer_Oh_leto_4852 Fancuska_vecer_Oh_leto_4851