Брилијантниот Боном во Аскот стигна до третата победа сезонава

Британецот Пол Боном беше крунисан како победник на трката од светското првенство Red Bull Air Race одржана на локацијата на познатата патека за коњички натпревари во Аскот, при што демонстрираше брилијантна изведба иако беше под притисок од ривалите во најбрзото моторспорт натпреварување на светот. Победата на Боном е трета за него оваа сезона, а втора една по друга во Аскот, на задоволство на публиката која броеше преку 40 илјади луѓе.

Последниот лет на Боном беше безгрешен и тој го запре часовникот на 1:06.416 додека Австралиецот Мат Хол го освои второто место со задоцнување од нецели три секунди (1:09.024). Јапонецот Јошихиде Муроја го освои првиот пласман на подиумот во кариерата, финиширајќи со трет резултат во финалната серија на четирите најдобри пилоти.

Со оваа победа Боном успеа да стигне до нови, тешко заработени 12 поени, со кои го зголеми водството во генералниот пласман и сега има 46 поени, односно осум повеќе од Мат Хол со 38 бода. На три трки до крајот на сезоната, актуелниот шампион Најџел Лемб, кој лани беше втор во Аскот, сега нема речиси никакви шанси да го одбрани тронот бидејќи на трката беше петти, а воедно ја има истата позиција во генералниот пласман со само 17 бода.

„Ова беше напорен ден во канцеларијата, но денеска уживав во него,“- изјави Боном кој на патеката разви брзина од 370 километри на час по стоечкиот старт пред огромната трибина, по што следуваше слаломот низ 12 воздушни порти сочинети од 25-метарските надувани столбови поставени во внатрешноста на патеката. Можам само да кажам дека сето ова беше тимска работа, тимска работа и тимска работа. Јас бев само возач и го насочував авионот во вистинската насока.

Ова е втор случај трката од Red Bull Air Race да се одржува во Аскот, западно од Лондон, но за овој период локацијата стана атрактивна за многу други натпревари во светот на трките, меѓу кои предничат пилотите што уживаат да полетаат и слетаат на зелениот појас пред огромната публика.

Австриецот Ханс Арх имаше проблеми на тренинзите и квалификациите, каде што беше последен, по што успеа да стигне само до осмото место откако победи на претходната трка во Будимпешта. Во првата рунда на 12 пилоти Арх го победи Боном, а Британецот влезе во полуфиналето на најдобрите осум пилоти како „најбрз губитник“. Но, тогаш Арх не успеа да го стартува моторот на својот авион и мораше да се повлече.

„Фрустрирачки е да не можеш да се натпреваруваш, но тоа е животот,“- рече Австриецот кој сега е трет во генералниот пласман со 30 бодови.

Red Bull Air race е признаено како официјално светско првенство од интернационалната федерација за аеронаутика ФАИ, каде што пилотите искусуваат до 10 пати поголеми гравитациски сили додека навигираат на ниската слалом патека со брзини од 370 километри на час, на височина од само 25 метри. Следната трка од ова првенство ќе се одржи по пауза од три седмици на Ф1 автодромот во Австрија, лоциран во Шпилберг.

Резултати: 1. Пол Боном (Велика Британија), 2. Мат Хол (Австралија), 3. Јошихиде Муроја (Јапонија), 4. Николас Иваноф (Франција), 5. Најџел Лемб (Велика Британија), 6. Петер Бешењи (Унгарија), 7. Мартин Сонка (Чешка), 8. Ханс Арх (Австрија), 9. Мајкл Гулијан (САД), 10. Матијас Долдерер (Германија), 11. Хуан Веларде (Шпанија), 12. Кирби Чемблис (САД), 13. Пит Меклиод (Канада), 14. Франсоа Ле Вот (Франција).

Табела: 1. Боном 46 поени, 2. Хол 38 поени, 3. Арх 30 поени, 4. Сонка 18 поени, 5. Лемб 17 поени, 6. Меклиод 14 поени, 7. Долдерер 12 поени, 8. Муроја 11 поени, 9. Иваноф 11 поени, 10. Гулијан 8 поени, 11. Бешењи 8 поени, 12. Чемблис 2 поени, 13. Веларде 0 поени, 14. Ле Вот 0 поени.

P-20150816-00358_News