Еден фински и еден германски параглајдерист со тешки телесни повреди примени во Клиничкиот центар во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се пријавени два одвоени несреќни случаи во кои што двајца странски државјани (параглајдеристи) се здобиле со тешки телесни повреди и се згрижени во Клиничкиот центар во Скопје.

Во првиот случај пријавен околу 14,30 часот, во буковата шума на м.в.Лимо Нивје во близина на Мечкин Камен од страна на лицето А.С. од Финска кој е инструктор за летање ,бил пронајдено лицето Н.Т.К. исто така од Финска кој околу 10 часот полетал со параглајдер од полетиштето на м.в. Мечкин Камен а било забележено дека го нема околу 11 часот. При падот лицето се здобило со повреди на рбетниот столб и истиот со хеликоптер на МВР е префрлено во клинички центар -Скопје. Од страна на УПС обезбедено e место на несреќата, известен надлежен јавен обвинител по што е извршен е увид на лице место од страна на јавен обвинител и увидна екипа од НК за КР-Крушево.

Во вториот случај пак околу 11,50 часот во с.Г.Нерези-Скопје, спортувајќи со параглајдер од падините на Водно, поточно од кај Крстот, на м.в . “Пресинец“ на 8-10 метри во воздух, Ф.Ш. државјанин на Германија, изгубил контрола и почнал брзо да паѓа. Истиот бил пренесен во Ургентен центар за укажување на лекарска помош, каде од страна на доктор му е констатирана ТТП во пределот на рбетот и истиот е задржан на лекување во КАРИЛ.

https://www.youtube.com/watch?v=p_QsZC30iL4