Грк во Гевгелија точел гориво со фалсификувани евра

Вчера околу 02,00 часот на Граничниот премин „Богородица“ на излез од Р.Македонија при извршена проверка на ПМВ „Цитроен Саксо“ со грчки национални ознаки, а управувано од В.К.(42) грчки државјанин утврдено е дека вин бројот на возилото е фалсификуван, додека кај истиот биле пронајдени и шест банкноти од по 50 евра со ист сериски број, а предходно со фалсификувана банкнота извршил наплата за точено гориво на бензиска пумпа во близина на граничниот премин.

В.К. е приведен во ПС Гевгелија извршен е разговор и од страна на РЦ за ГР Југ поднесена е кривична пријава до ОЈО во Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „фалсификување пари“, а од страна на судија на предходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.