Во периодот од 08,00 часот на 21.08.2015 до 22.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 826 странски државјани, од кои 649 се од машки пол, 152 се од женски, 163се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 25деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-737, Ирак-42, Авганистан-12, Бангладеж–шест, додека другите се во помал број.
Во текот на денот не се регистрирани никакви посериозни инциденти, иако од страна на соседна Р. Грција, без никаква контрола, голем број на илегални мигранти сеуште вршат притисок за влез во земјава.
Во периодот од 19.06.2015 до 22.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 42.421странски државјани, од кои, 29.321се од машки пол, 5.904 се од женски, 6.718се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 631деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-34.346, потоа Авганистан-2.085, Ирак-1.990, Пакистан-1.208, Сомалија-562, Палестина-560, Конго-301, Бангладеж-251, Нигерија-142, Камерун-140 Еритреја-140, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 22.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
На 21.08.2015, до 19.00 часот, мобилните екипи на Црвен крст укажаа прва помош на околу 80 лицa на Табановце,Гевгелија, граничен премин
До 19.00 часот, дистрибуирано е хуманитарна помош во :
• 700 шишиња вода
• 120 пакети со храна
• 50 индивидуални хигиенски пакети
• 50 пакети за прва помош
• 80 пелени
• 60 кебиња
• 20 пакети за бебиња.