Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски оствари телефонски разговор со претседателот на Владата на Република Србија, Александар Вучиќ.
Двата премиера разговараа за начините за справување со регионалниот предизвик на наплив на илегални мигранти.
Тие разменија информации кои се во корист за поефикасно менаџирање на постојниот проблем, согласно расположливите капацитети на државите.
Премиерите се договорија да продолжат активно да ја следат ситуацијата и да преземат мерки и активности за справување со настанатата ситуација.