Трајковски и Пандев „се пресметаа“

Александар Трајковски и Горан Пандев играа еден против друг, односно нивните тимови Палермо и Џенова се сретнаа во првото коло од Италијанската Серија А.

И за двајцата наши интернационалци ова беше прв официјален настап за својот тим. Горан Пандев го одигра целиот натпревар, додека пак Александар Трајковски влезе во игра во 33 минута. И двајцата имаа свои шанси за погодок, а на крајот победа славеше Трајковски со Палермо, откако во судиското надополнување од натпреварот тимот на Палермо успеа да постигне погодок и да ја започне новата сезона со 3 бодови.

WebOhrid