Во текот на вчерашниот ден издадени 1210 потврди за барање азил

Во периодот од 08,00 часот на 22.08.2015 до 23.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.210 странски државјани, од кои 1.015 се од машки пол, 185 се од женски, 227 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 10 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.023, Ирак-66, Бангладеж–41, Пакистан-33, додека другите се во помал број.

Во текот на денот не се регистрирани никакви посериозни инциденти, иако од страна на соседна Р. Грција, без никаква контрола, илегални мигранти сеуште вршат притисок за влез во земјава.

Во периодот од 19.06.2015 до 23.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 43.631 странски државјани, од кои, 30.336 се од машки пол, 6.089 се од женски, 6.945 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 641деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-35.369, потоа Авганистан-2.082, Ирак-2.056, Пакистан-1.241, Сомалија-564, Палестина-560, Конго-305, Бангладеж-292, Нигерија-158, Камерун-146, Еритреја-140, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 23.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.