Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.М. (27), М.П. (19) и Д.Ј. (19) сите од Охрид.
На 8-ми август околу 02,00 часот, пријавените заедно со уште неколку лица, во ноќниот клуб „Кадмо“, физички го нападнале К.Р. од Охрид удирајќи го со раце и нозе во пределот на главата и телото. Од силината на ударите повредениот К.Р. паднал во бесознание по што веднаш е пренесен во Општата болница во Охрид. Потоа пријавените ја нападнале и Ј.Ф. која се обидела да ги спречи и да го заштити К.Р. Притоа и таа се здобила со повеќе удари со раце и нозе и со влечење за коса била изнесена надвор од објектот. Истиот ден, СВР Охрид ги пронајде и приведе осомничените по што беше извршено препознавање и идентификација на лицата учесници во нападот.