Преподобните Василиј и Теодор Печерски
Обајцата свршија заради насилството на среброљубивиот кнез Истислав, во 1098 година. Житието на Свети Теодор е особено поучно за среброљубивите. Беше многу богат, но го раздаде богатството на сиромасите и се замонаши. Потоа се премисли и зажали за богатството и беше многу искушуван од злиот дух на среброљубието, од којшто го ослободи Свети Василиј.