Во тек се подготвителните активности за почеток на втората фаза од изградбата на пешачката патека од каналот Студенчишта до хотел „Парк“. Надлежните служби при општина Охрид веќе го расчистуваат теренот и ја одбележуваат трасата по која ќе се движи патеката.
По завршување на овие активности ќе започнат земјените работи, односно ќе се поставува комплетната инфраструктура потребна за овој дел од патеката.
Во првата фаза од реконструкцијата на патеката беа опфатени 210 м. Проектот со задоволство и воодушевување беше прифатен од охриѓани и гостите кои се рекреираат на најмодерната, пешачка, велосипедска и патека за ролери уредена по најсовремени стандарди.
На просторот уредно се обележани патеките за велосипеди, ролери и пешачката зона. Просторот е хортикултурно уреден и автентично осветлен.
Реконструираната патека значително ќе го подобри изгледот на тој дел од Охрид.