По повод славата на црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека на 27-ми август (четврток) – вечерта, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, по повод празникот „Успение на Пресвета Богородица“, ќе се служи празнична вечерна богослужба и ќе се пеат статиите на „Успението на Пресвета Богородица“, со почеток во 17 часот.
На 28-ми август (петок), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Успение на Пресвета Богородица“ – (Голема Богородица), со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужба ќе има само во црквата „Света Богородица“ – Каменско – Охрид (едноцрквие).
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овој празник.