Охридските училишта подготвени за почетокот на учебната година

Во пресрет на почетокот на учебната година, градоначалникот Никола Бакрачески одржа редовен работен состанок со директорите на охридските основни и средни училишта. На средбата присуствуваше и директорот на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ при што се разгледаа одредени аспекти од работењето на оваа воспитна институција.

Директорите го информираа градоначалникот Бакрачески за сите преземени активности во рамки на институциите кои ги раководатпри што од негова страна беше посочено дека ќе имаат максимална поддршка во создавањето предуслови за унапредување на образовниот процес во градот. Притоа беше подвлечено дека општината максимално ќе се заложи и ќе помогне во исполнување на сите останати предуслови за беспрекорен почеток на учебна година и реализација на наставата во добри услови.

Sredba_direktori_skoli_2015_4853

Заедничка беше констатацијата дека образовните институции се подготвени за успешен почеток на учебната година, а детската градинка е подготвена за згрижување на најмладите во нејзините објекти.

Sredba_direktori_skoli_2015_4852