Зајков позајмен во Шарлерој

Ѓоко Зајков во новата сезона ќе игра како позајмен играч во Белгија, во тимот на Шарлерој.

20-годишниот македонски дефанзивец минатата сезона не доби шанса да игра за првиот тим на францускиот прволигаш Рен, додека пак за вториот тим на Рен одигра 15 натпревари.

По завршувањето на позајмицата, Шарлерој ќе има можност целосно да го откупи договорот на Зајков.

WebOhrid