Се уредуваат училишните дворови

ЈП „Охридски Комуналец“ традиционално пред почетокот на школската година ги уредува и расчистува дворните површини и јавните пешачки и други површини околу школските дворови.

„Овие акции се и мотивација за учениците да учат и растат во здрава и чиста животна околина со уредено зеленило и чисти училишни дворови. Дел од образовните установи се веќе расчистени, а останатите ќе бидат опфатени во наредните денови.

Извршено е темелно расчистување и хортикултурно средување на реонот опфатен со дворот на ОУ„Климент Охридски“ во населба Даљан, просторот околу школото, пристапниот пат и крајбрежниот појас во овој реон.“- информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

daljan1