Утревечер богослужба, задутре света литургија за празникот Голема Богородица

По повод славата на црквата „Света Богородица“ – Каменско – Охрид, се известуваат сите православни верници дека утревечер во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, по повод празникот „Успение на Пресвета Богородица“, ќе се служи празнична вечерна богослужба и ќе се пеат статиите на „Успението на Пресвета Богородица“, со почеток во 17 часот.

По завршувањето на вечерната богуслужба ќе има литија со плаштаницата на Пресвета Богородица.

На 28 август 2015 година (петок), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Успение на Пресвета Богородица“ – (Голема Богородица), со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужба ќе има само во црквата „Света Богородица“ – Каменско – Охрид (едноцрквие).

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овој празник.