Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2015 година, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници изнесува 1 898 000, во железничкиот превоз 205 000, во градско-приградскиот превоз 21 270 000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 366 150.
Во истиот период, во споредба со второто тримесечје од 2014 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 9.6%, во железничкиот превоз за 36.0%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 14.8%.