Ноќта помеѓу средата и четвртокот над с.Вишни-Струга, поточно над црквата Св.Никола, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба на камера сопственост на МВР на РМ.
Имено, сторителот со употреба на подесен предмет (моторна пила), го пресекол дрвото на кое била поставена камера, ја одзел и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.