Украдена камера на МВР во село Вишни, струшко

Ноќта помеѓу средата и четвртокот над с.Вишни-Струга, поточно над црквата Св.Никола, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба на камера сопственост на МВР на РМ. Имено, сторителот со употреба на подесен предмет (моторна пила), го пресекол дрвото на кое била поставена камера, ја одзел и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

повеќе...

Кражба во црквата „Св.Атанасиј“ во село Вишни

Четиристотини денари се одземени во тешка кражба извршена во црквата „Св.Атанасиј“ во струшкото село Вишни. Засега непознат сторител, кон крајот на минатиот и почетокот на овој месец, со употреба на подесен алат ја оштетил бравата од влезната врата и со физичка сила успеал да ја отвори и да влезе во црквата. Тој започнал со пребарување по што противправно ги одзел парите во разни апоени оставени пред иконите.   Сторителот на вандалскиот чин веднаш избегал од местото.  Полициската станица од Струга, по увидот што го изврши на лице место презема мерки…

повеќе...