Утре (1ви септември) официјално започнува StartQube, летниот камп за млади претприемачи и стартапи, на Велестово во Охрид. Настанот се одржува за прв пат, а организатор е веќе добро познатиот тим на програмерскиот маратон Codefest.
StartQube претставува уникатна можност за развивање на вашите претприемачки вештини на сосема поинаков начин од традиционалниот, во релаксирачка околина, низ рекреативни и алтеративни активности, додека живeете заедно со вашите ментори во текот на целиот настан.
Бројни истакнати имиња од претприемачкиот и стартап светот, не само од регионот туку и од цела Европа, доаѓаат како ментори на StartQube, а меѓу нив се вбројуваат истакнати инвеститори и акцелератори, успешни основачи на високо буџетни компании и многу повеќе. Доаѓа и веќе најавениот ексклузивен ментор Мајк Бачер, уредник во TechCrunch, и еденоднајвлијателнителуѓенатехнолошкатастартапсценавоЕвропа.
Се на се, настанот ветува одлична едукативна забава и релаксација, многу изненадувања за учесниците и незаборавно искуство за сите присутни. За повеќе детали околу се што ќе се случува на StartQube, погледнете ја официјалната агенда на http://startqube.codequbate.me/#agenda.
Официјалното отворање на StartQubeе утре во 14:00 часот, за кое организаторите упатуваат отворена покана до заинтересирани посетители да присуствуваат. Локацијата е Велестово Охрид, во објектот на Црвен Крст.
Од пред неколку денови, организаторите пуштија во продажба и дневни билети за StartQubeпоценаод 1000 денари (16.5 евра) со вклучени три оброци, за сите оние кои не се во можност да присуствуваат на целиот настан, но сепак сакаат да видат како истиот изгледа и да посетат тематски работилници според нивниот интерес. На првиот ден фокусот е на teambuilding, вториот ден покрива бизнис модели, третиот ден е посветен на скалирање и растење на бизнисот, четвртиот и петтиот ден се насочени кон маркетинг, градење публицитет и финансирање, а последниот шести ден завршува со GoldDay предизвик.