Возбудени и среќни првачињата во ОУ „Св.Климент Охридски“

На првиот училиштен ден, првачињата од ОУ „Свети Климент Охридски“- Охрид беа возбудени и среќни. Овој ден ќе им остане засекогаш во нивните сеќавања, како ден кога прв пат заиграле, нацртале, заедно, а најважно од се, се дружеле со своите врсници во училишниот двор.

На почетокот на програмата учениците и присутните ги поздрави директорот на училиштето, Јордан Пуроски и им изрази искрени желби за многу здравје и успех во учењето, а низ разни активности, забава и смеа, успешно ги водеше познатиот аниматор Жанко Голабоски – ‘Зш.

Учениците ги копираа своите рачиња на заеднички хамер, кој ќе остане изложен во училишниот хол и ќе ги потсетува на првите чекори во нивното образование.

Учениците од ОСУ „Св.Наум Охридски“-Охрид, козметички паралелки во соработка со Лајонс клуб „Десарети“, ги исцртаа -сонцето, срцето и детелинката на лицата на првачињата, кои симболизираат љубов, топлина и среќа, а сето ова ќе го имаат во ова училиште.

Програмата која ја подготвија четвртоодделенците беше проследена од голем број родители и ученици.

Со звуците на „Хепи, хепи“ првачињата ги заиграа своите први чекори во училишниот двор, под водство на волонтерите на Општинската организација на Црвен Крст-Охрид.