Најдобрите 20 ученици од основно и средно образование денес добија општински стипендии за тековната учебна година 2015/2016 година.Стипендиите на свечен начин ги додели градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.
Стипендиите кои контунуирано веќе по трет пат се доделуваат се рангирани според износот во две категории, за учениците од основно образование 1000 денари и за учениците од средно образование 1500 денари месечно.
Градоначалникот им посака успешна учебна година и одличен успех.